Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02 - општина Гази Баба, Скопје

Детали за огласот
30.06.2022
29.07.2022



Се известуваат граѓаните, правните лица од просторот oпфатен со Нацрт Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје, државната управа, научните и стручните организации, дека Градоначалникот на Општина Гази Баба донесе Одлука за организирање на: ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА По Нацрт – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје, кoj oпфаќа простор од 24,65 ха., со следните граници : • Североисток - сервисни улици „С1“,„С2“,„С3“, • Југ и Југоисток – граница на регулација на коритото на река Вардар согласно ГУП на Град Скопје • Запад северозапад– оска на магистрална улица „Пролетна Офанзива“ Согласно ГУП на Град Скопје од 2012-2022 година, во планскиот опфат на блок 02 планирана е следната наменска зона: • Е3-некомпатибилна инфраструктура (пречистелна станица) Во рамките на Нацрт - Детален урбанистички план Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02 се предвидени следните класи на намена: Во рамките на Нацрт - Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02 се предвидени следните класи на намена: • Парцелизирано градежно земјиште: Е1.6 канализациска инфрасттруктура : пречистителна станица Е1.8 инфраструктура за пренос на електрична енергија:трасформаторска станица • Земјиште за општа намена: Д2.1 линиско сообраќајно зеленило Д2 заштитно зеленило Е1.1 сообраќајна патна инфраструктура Е1.4 хидротехничка инфраструктура (речна регулација-р. Вардар) Нацрт Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Маџари 1″, во рок од 30 дена и тоа почнувајќи од 01.07.2022год. до 30.07.2022год. секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот. Јавната презентација на Нацрт - Детален урбанистички план за градска четврт СИ 12 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 14.07.2022 год. со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала). Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница "Маџари 1". Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови .

Документи:

Име на документ
Синтезен план СИ 12 Блок 02
28-3-759-6 соопштение
АНКЕТЕН ЛИСТ



Остави коментар

Типови на документи:

  • Образложение
  • Друг тип на документ

Прикачени документи:

Име на документ Тип на документ


Врати се на почетна страна.